Откриени 7,6 тони кокаин во пратка со шеќер: Дрогата од Колумбија била наменета за Европа

21.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Откриени 7,6 тони кокаин во пратка со шеќер: Дрогата од Колумбија била наменета за Европа

Абелардо де ла Есприела изјави дека заплена од вакви размери немало во последните десет години. Откритието беше направено за време на инспекција на товар што содржел шеќер во прав, кој бил искористен за прикривање на дрогата. На снимката што полицијата ја објави во вторникот се гледаат службеници како ги проверуваат пакетите со помош на кучиња обучени за откривање дрога.

По оваа акција, претседателот Де ла Еспријела го претстави резултатот од операцијата како значаен успех во борбата против организираниот криминал. Тој истакна дека националната полиција му задала историски удар на нарко-тероризмот. Според него, дрогата била наменета за купувачи во Холандија.

Операцијата била спроведена во соработка со американската Агенција за сузбивање на наркотици (ДЕА).

Разликата во вредноста на пратката на двата пазари е огромна. Во Колумбија, таа се проценува на 43 милијарди пезоси (13,5 милиони долари), додека во Холандија нејзината вредност би надминала 200 милиони долари. – Тргнавме 75 милиони дози кокаин од улиците – рече тој.

Претседателот, исто така, изнесе податоци за резултатите од досегашните активности на надлежните органи, наведувајќи дека во текот на првите 75 дена од неговиот мандат биле запленети вкупно 132 тони кокаин. „Сите облици на насилство се поттикнати од трговијата со дрога“, изјави тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата