Објавена листатa на 100-те најмоќни жени на светот во 2025 година!

11.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавена листатa на 100-те најмоќни жени на светот во 2025 година!

На листата на 100-те најмоќни жени во 2025 година на американското списание „Форбс“, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е на првото место.

Во образложението на редакцискиот колегиум за изборот на Фон дер Лајенл, се наведува дека таа е првата жена на оваа позиција, која е одговорна за законодавство кое влијае на повеќе од 450 милиони Европејци.

На второто место на листата е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, а на треттата позиција е премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, која е и првата жена на таа позиција.

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони е на четвртото место, мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум е петта, а извршната директорка на Џенерал Моторс Марија Бара и извршната директорка на технолошката компанија „Сити“ Џејн Фрејзер се исто така меѓу Топ десетте најмоќни жени во 2025 година.

Магазинот Форбс на оваа листа ги вклучи и извршната потпретседателка и финансиска директорка на „Мајкрософт“ Ејми Худ, генералната директорка на ММФ Кристалина Георгиева, претседателката и главна оперативна директорка на „Спејс Екс“ Гвин Шотвел, поп-пејачката Тејлор Свифт, министерката за финансии и корпоративни работи на Индија Нирмала Ситараман .

Меѓу 100-те најможни жени се и легендарната ТВ водителка,  Опра Винфри, копретседателката на компанијата „Волт Дизни“ Дана Волден, британската министерка за финансии Рејчел Ривс, извршната директорка на кинеската компанија JD.com Сенди Ран Су, претседателката на њујоршката берза Лин Мартин, извршната директорка на „Водафон“ Маргарита Дела Вале, главната директорка за содржини на платформата „Нетфликс“ Бела Бахарија.

На листата на Форбс се и извршната директорка на „Фокс њуз“, Сузан Скот, финансиската директорка на „Дојче Фокс груп“, Мелани Крајс, старлетата и бизнисменка   Ким Кардашијан, премиерката на Конго, Џудит Суминва Тулука, Мета Фредериксен од Данска и Миа Мотли од Барбадос.

На последното место на листата се најдоа хероините од анимираната серија во копродукција на „Нетфликс“ и „Сони Рекордс“ „KPop Demon Hunters“ за женскиот бенд од К-поп (HUNTR/X) и која беше прегледана повеќе од 325 милиони пати до декември 2025 година и стана најпопуларниот филм на Нетфликс досега.

Листата, која се објавува по 22-ри пат, е направена врз основа на четири главни критериуми - пари, медиуми, влијание и сфера на влијание. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата