Нема повеќе пасоши! Официјално усвоени нови правила за влез во ЕУ, важат и за Македонија

20.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема повеќе пасоши! Официјално усвоени нови правила за влез во ЕУ, важат и за Македонија

„Благодарение на овој договор, земјите членки ќе можат да го применат новиот систем за управување со границите за регистрација на влез и излез во Шенген-зоната на државјани од земји надвор од ЕУ. Ова е добра вест и ќе ги поддржи нашите напори за безбедни граници“, изјави полскиот министер за внатрешни работи, Томаш Сјемонјак, според соопштението на веб-страницата на Советот на ЕУ.

Договорот што денеска беше постигнат е привремен, и треба да биде потврден од страна на Советот на ЕУ и Европскиот парламент пред официјално да биде усвоен од двете институции.

Можеби ќе ве интересира: Пасошите ќе бидат повлечени од употреба: Eве кога сè ќе се промени

Активирање се очекува до крајот на 2025 година

EES е ИТ-систем кој дигитално ќе ги евидентира влезовите и излезите, податоците од пасошите, отпечатоците од прсти и фотографии од лицето на државјани од трети земји кои патуваат за краткорочен престој во некоја од 29 европски држави.

Овој систем, кој ќе го замени сегашниот систем на рачно печатење пасоши, ќе се однесува и на граѓаните на Западен Балкан при премин на границите на ЕУ.

Системот „EES“, кој вклучува земање отпечатоци и фотографирање на гранични премини, веќе е технички воспоставен и подготвен за примена. Според Европската комисија, неговото активирање се очекува до крајот на 2025 година, што го потврди и Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска.

Со воведувањето на „EES“ за земјите во Шенген-зоната, постапката на влез ќе се промени значително за граѓаните од Западен Балкан – како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија – но и за Молдавија и Украина, пренесува „Sarajevo Times“.

Според веб-страницата на Советот на ЕУ, во рамките на фазната имплементација, земјите членки постепено ќе го применуваат системот „EES“ и ќе се стремат во првите 30 дена да регистрираат најмалку 10% од граничните премини.

Во првите 60 дена, земјите членки ќе можат да го користат „EES“ и без биометриски функции, а по три месеци, системот треба да биде функционален со биометрија на најмалку половина од граничните премини.

До крајот на овој транзициски период, земјите членки ќе продолжат со рачно печатење на патните исправи.

Регулативата за воведување на системот „EES“ не определува точен датум за почетокот на примената, бидејќи тоа бара посебна одлука на Европската комисија.

„ETIAS“ ќе ви бара 7 евра дозвола за влез во ЕУ

Законодавците се согласија дека во периодот на постепеното стартување на EES, земјите членки ќе имаат можност делумно или целосно да го сопрат системот на одредени гранични премини во исклучителни околности – на пример, доколку дојде до преголем метеж и долг временски застој.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ во март ја одобрија ревидираната патна карта за воведување на т.н. интероперабилна архитектура – систем на поврзани ИТ-алатки за гранично управување и спроведување на законот.

Според оваа патна карта, усвоена од управниот одбор на агенцијата „eu-LISA“ (задолжена за ИТ-инфраструктурата), постепената примена на „EES“ ќе започне во октомври 2025 година, додека Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) ќе стартува во последниот квартал од 2026 година.

Следната година, за летување во Грција, ќе мора да имате оваа дозвола

Системот „ETIAS“, кој исто така ќе се применува и за граѓаните на Западен Балкан, ќе бара добивање патна дозвола за влез во ЕУ, која ќе чини седум евра.

Системот EES ќе го применуваат следните држави:

-Австрија

-Белгија

-Бугарија

-Хрватска

-Чешка

-Данска

-Естонија

-Финска

-Франција

-Германија

-Грција

-Унгарија

-Исланд

-Италија

-Летонија

-Лихтенштајн

-Литванија

-Луксембург

-Малта

-Холандија

-Норвешка

-Полска

-Португалија

-Романија

-Словачка

-Словенија

-Шпанија

-Шведска

-Швајцарија

Во Кипар и Ирска, пасошите и натаму ќе се печатат рачно.

Овластување за патување преку „ETIAS“ ќе бараат сите земји што го применуваат „EES“, како и Кипар, наведува B92.net.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата