Компанијата, исто така, ќе ги зголеми цените на повеќето свои патики и друга облека почнувајќи од 1 јуни, по неодамнешното воведување на високи американски царини, јавија американските медиуми.
Облеката и обувките за возрасни со цена над 100 долари ќе поскапат од 2 до 10 долари, додека поевтината стока и производите за деца нема да бидат засегнати од мерката.
Според Си-Ен-Би-Си, околу 50% од обувките на „Најк“ се произведуваат во Кина и Виетнам. Администрацијата на Трамп воведе царини за тие земји - 30% за Кина и 10% за Виетнам.