Во долгите врски, блискоста често не исчезнува поради недостиг на љубов, туку поради рутината. Партнерите со тек на време развиваат познати навики, избираат исто време, исто место и исти обрасци, па она што некогаш било спонтано, станува предвидливо.
Тоа не значи дека односот е во криза, понекогаш е доволно да се врати еден детаљ за возбудата, вниманието и чувството на поврзаност да се вратат. Стручните лица за партнерски односи истакнуваат дека за подобар интимен живот не се потребни големи потези, туку повеќе присутност и отвореност.
Познатото не мора да значи и здодевно
Паровите често веруваат дека мора да воведат нешто сосема ново за да ја избегнат рутината, но ако на двајцата им годи начинот на водење љубов, нема причина да менуваат нешто само затоа што делува едноставно.
Проблемот настанува кога истиот образец се повторува без разговор и обраќање на внимание на реакцијата на партнерот. Тогаш блискоста може да се претвори во уште една ставка во распоредот, наместо момент во кој двете личности се присутни. Мала промена, како поразлично темпо, подолг допир, или повеќе време издвоено само за партнерот, може да внесе чувство на новина без непријатност и притисок.
Атмосфера што го менува доживувањето
Светлото, музиката, мирисот и уредениот простор може силно да влијае на расположението. Пригушено светло, омилена песна, чиста соба или масажа, им помага на партнерите да се опуштат и да се оддалечат од секојдневните грижи.
Промената не мора да биде драматична. Доволно е интимниот однос да не се случува секогаш на ист начин и во ист момент. Кога ќе се вклучат различни сетила, партнерите стануваат фокусирани еден на друг и полесно излегуваат од автоматското однесување.
Разиграноста ја враќа спонтаноста
Долгогодишните партнери понекогаш забораваат колку на почетокот од врската биле љубопитни. Тие однапред не претпоставувале што сака другата личност, туку посматраат, слушаат и откриваат.
Таа љубопитност може да се врати преку нови искуства што им годат на двајцата. На некои парови им одговара промена на положбата, на други масажа, превез околу очите или едноставно, една договор една вечер да не брзаат. Најважно е двајцата да се чувствуваат сигурно и слободно да кажат што им одговара, а што не. Ниедна нова работа нема смисла ако создава притисок и чувство на обврска.
Разговорот е најважен чекор
Многу парови полесно разговараат за сметките, работата, семејните обврски отколку за сопствените желби. Сепак, квалитетните интимни односи тешко може да се одржат ако партнерите очекуваат другата страна да погоди сè без разговор.
Нема потреба да се води сериозна расправа. Доволно е да го прашате партнерот што му годи, или дали нешто би промениле? Или, „Што недостасува во последно време“? Отворениот разговор ја елиминира спонтаноста, напротив, гради доверба и им помага на партнерите повторно да се почувствуваат видено, пожелно и блиско.
Понекогаш, токму таа најмала промена може да направи голема разлика. Не затоа што ги решава проблемите преку ноќ, туку затоа што покажува дека партнерите и понатаму сакаат да вложуваат еден во друг.

