Maja Георгиева Павловски за Канал 5: „Кога ќе дојде до развод, да не ги повредиме децата – да останеме мама и тато засекогаш“

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Maja Георгиева Павловски за Канал 5: „Кога ќе дојде до развод, да не ги повредиме децата – да останеме мама и тато засекогаш“

„Мојата приказна почнува од моето детство, сè потекнува од таму. Пораснав во семејство каде што двигател беше љубовта. Во моето семејство сите проблеми што сме ги имале сме ги решавале преку разговор. Ние трите сестри секогаш сме седнувале и разговарале,“ ни рече гостинката.

„Комуникацијата е она што го држи семејниот систем“

М-р Маја, меѓу другото, сподели совети како да им се објасни на децата кога ќе дојде до развод, кој е најправилниот и најбезболен начин, и дали воопшто постои таков.

„Има соодветни техники и начини, преку приказни кај малите деца. Доколку двајцата родители се свесни – воопшто не е тешко. Разводот е загуба, тоа е земјотрес во цел семеен систем. Меѓутоа, кога родителите се свесни и заедно доаѓаат на советување, смислуваме убава приказна и начин да допреме до децата дека мама и тато се секогаш тука“, вели семејниот советник Георгиева Павловски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата