Неименуван маж заврши во болница откако беше ранет, а полицијата објави детали за инцидентот.
Според официјален извештај, властите добиле пријава за пукање во вторникот околу 23:15 часот и информации дека 53-годишен маж претрпел прострелна рана во долниот дел од грбот.
Немало други сведоци
Додека патролите биле на пат кон адресата, дополнително биле информирани дека „куче скокнало на креветот и ја активирало пушката“?!
Кога полицијата пристигнала, го пронашла повредениот маж на подот, свесен. Тој објаснил дека кратко пред инцидентот ја чистел својата пушка, која потоа ја ставил на креветот.
Откако седнал до неа, едно од неговите кучиња скокнало на креветот, притискајќи го оружјето и предизвикувајќи пукање. Куршумот го погодил несреќниот маж директно во грбот, објавува ABC News.
Во куќата биле само мажот, неговиот син и уште две кучиња. Синот, според полицијата, не бил во истата соба кога се случила повредата.
Тој бил итно опериран
Пристигнала брза помош и го пренела мажот во блиската болница, каде што бил опериран. Еден ден подоцна, болничкиот персонал ја информирал полицијата дека пациентот ја претрпел првата интервенција, но дека се очекува да има уште една операција кон средината на неделата.
Степенот на неговите повреди не е познат до денеска, потврдија официјални лица.
Иако инцидентот во моментов се третира како „несреќа“, полицијата продолжува да истражува за да ги исклучи другите можности.

