Празничниот патувачки бран, вообичаено најголем во земјата во годината, често се смета за показател и за економијата во Кина, но и како тест за капацитетот на државниот превозен систем. Според владините процени, се очекува железниците да достигнат околу 540 милиони патници, а воздушниoт сообраќај - до околу 95 милиони, што би ги надминало претходните историски максимуми за овој период. Властите најавија зголемен промет на најполните рути и на најпопуларните дестинации поради зголемената побарувачка.
Инаку, повеќедневните празнувања на кинеската Месечева Нова година е продолжен на девет дена - од 15. до 23 февруари, во обид да се зголеми домашната потрошувачка.
Овие масовни патувања во Кина, познати како „Чунјун“, се сметаат за најголемото раздвижување на луѓе, воопшто - на светско ниво, бидејќи стотици милиони луѓе се враќаат во своите родни места за да го поминат празникот со своите семејства. Кинезите организираат семејни собири, слават и со црвени украси, подароци во црвени пликови („хонгбао“), а некои и со огномет.
Во Кина, црвената боја се смета за симбол на среќа, напредок и заштита од лошата енергија.
Денот на Месечевата Нова година се менува секоја година, бидејќи се заснова на Месечевиот календар и обично датумот се паѓа меѓу крајот на јануари и средината на февруари. Секоја година е поврзана со еден од 12-те знаци на кинескиот зодијак и се верува дека знакот на таа година влијае на среќата, карактерот и деловните можности во текот на следните 12 месеци.

