Хотел за длабок сон- направен е на 419 метри под земјата и не е за сечиј џеп (ВИДЕО)

9.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хотел за длабок сон- направен е на 419 метри под земјата и не е за сечиј џеп (ВИДЕО)

Се наоѓа во напуштен рудник на 419 метри под површината на Земјата. Сепак, мора да имате на ум дека патувањето бара храброст и добра кондиција.

Јутјуберот Џош, попознат како TheBurntChip, решил да преноќи со своите пријатели во хотелот „Дип Слип“, а тие секако донеле и камера.

Најпрво напорно, за време на пешачење од 45 минути, се труделе да стигнат до влезот во рудникот и дури тогаш започнале вистинските предизвици.

Опремени со батериски ламби, тие се симнаа по стрмните скали, кои ги доведоа до крајната дестинација, пренесува LadBible.

„Не сакам да продолжам таму долу“, рече Џош во еден момент.

Но, скалите беа најмалата грижа, бидејќи остатокот од патувањето го поминаа висејќи на безбедносните јажиња.

Потоа шетаа низ темни ходници и минуваа низ вода додека не стигнаа до четири колиби со струја, проточна вода, вистински тоалети и кревети.

Откако се одмориле и убаво ручале, решиле да преноќат, а Џош признал дека му е многу ладно.

Просечната температура во овој дел од рудникот е 10 степени Целзиусови, а Јутјуберот своето искуство го опишува како „уникатно“, за цена меѓу 400 и 600 евра (во зависност од сместувањето).

Интересно е да се забележи дека за најбрзото патување низ рудникот на искусен персонал му е потребен повеќе од еден час, додека се движат низ километрите тунели, преполни со стара опрема и купишта отпад од шкрилци.

Враќањето е уште понапорно, бидејќи треба да имаш сила да носиш сè кон површината.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата