Кејт и Вилијам се вселуваат во нова куќа вредна околу 18,7 милиони евра

17.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кејт и Вилијам се вселуваат во нова куќа вредна околу 18,7 милиони евра

Новата куќа, стара 328 години, се наоѓа во затскриен дел од паркот од 4.800 хектари, пишува „Индипендент“.

Портпаролот на Кенсингтонската палата потврди дека британското кралско семејство во новата куќа ќе се всели до крајот на годината.

Кејт и Вилијам сами ќе го финансира преселувањето и реновирањето, без никакви трошоци за даночните обврзници. Според британскиот весник „The Sun“, британското кралско семејство планира да остане во куќата откако Вилијам ќе стане крал.

Реновирањето на имотот веќе започна, а семејството се надева дека ќе се всели до Божиќ. Дозвола за надворешни и внатрешни работи, вклучувајќи нови прозорци, врати, ѕидови и подови, беше поднесена во јуни, а одобрението беше дадено на почетокот на август.

Имотот е во сопственост на кралот како дел од Крунскиот имот и се наоѓа на шест километри од нивната сегашна резиденција.

Семејството се пресели во Виндзор во 2022 година од Лондон, за да ги школува своите деца. Форест Лоџ последен пат беше реновирана во 2001 година, за околу 1,75 милиони евра, а во тоа време беше понудена за изнајмување за 17.500 евра месечно.

Куќата има многу оригинални архитектонски детали, вклучувајќи венецијански прозорци, мермерни камини и украсни тавани.

Во споредба со резиденцијата на принцот Ендру во „Ројал Лоџ“ со 31 спална соба, новиот дом на семејството Велс е поскромен, но сепак луксузен, истакнува „Индипендент“.

 Покрај „Форест Лоџ“, Вилијам и Кејт поседуваат и „Анмер Хол“, селска куќа со 10 спални соби во Норфолк, која кралицата Елизабета им ја подари како свадбен подарок, како и стан во палатата Кенсингтон. Како наследник на престолот, принцот Вилијам го наследи и Војводството Корнвол - портфолио од земјиште, имот и инвестиции вредни повеќе од 1,17 милијарди евра. Принцот Хари и Меган Маркл ќе вратат околу 2,8 милиони евра јавни пари инвестирани во реновирањето на „Фрогмор Котиџ“ во 2023 година, откако ќе се преселат во САД.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата