Од 1 октомври 2022 година до 31 август, DGCCRF (Генерална дирекција за конкуренција, потрошувачки работи и контрола на измамите) ги анализираше наводно намалените цени на илјадници производи на француската веб-страница на Шејн.
Истрагата покажа дека одредени цени на платформата биле поскапени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, соопшти регулаторот.
Утврдено е дека цените на повеќе од половина од анализираните производи, односно 57 проценти, воопшто не биле намалени, а речиси една петтина од попустите биле помали отколку што било наведено во огласите.
Во околу 11 проценти од случаите, цената била дури и повисока, соопшти DGCCRF. Шејн, исто така, не ги поткрепил со докази на својата веб-страница тврдењата за еколошки освестено работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 процемти.
Француските власти го известиле Шејн за забелешките во март 2024 година, а компанијата веднаш презела корективни мерки кои биле спроведени во краток рок, изјави за новинската агенција ДПА портпарол на компанијата.
- Тоа значи дека сите идентификувани проблеми беа решени пред повеќе од една година, тврди претставникот на компанијата.