Фирма по грешка му исплатила 146.000 евра на работник- дал отказ и избегал, случајот доби чуден судски епилог

6.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фирма по грешка му исплатила 146.000 евра на работник- дал отказ и избегал, случајот доби чуден судски епилог

Човекот работел како асистент во прехранбената компанија „Dan Consorcio Industrial de Alimentos de Chile“, заработувајќи околу 500.000 пезоси (околу 440 евра) месечно. Сепак, во мај 2022 година, 165 милиони пезоси, што е приближно 146.000 евра, погрешно биле депонирани на неговата сметка.

Обвинет за кражба

Според компанијата, работникот се согласил да ги врати парите на состанок со службениците за човечки ресурси. Сепак, три дена подоцна, тој дал отказ и исчезнал, предизвикувајќи тригодишна правна битка.

Менаџерите го обвиниле за кражба, кривично дело за кое можел да биде казнет или затворен до 540 дена, објавува „Дејли меил“.

Сепак, судијата пресудил дека не станува збор за кражба, туку за неовластено задржување на пари, што не е кривично дело за кое може да се гони.

Сличен случај во Германија

Иако работникот конечно е ослободен, компанијата сè уште се обидува да си ги врати парите.

„Ќе преземеме сите можни правни чекори, вклучително и барање за поништување на пресудата, за да овозможиме нејзино преиспитување“, се вели во соопштението на компанијата.

Овој необичен случај привлече големо внимание во Чиле, но и низ целиот свет. Многумина се прашуваат дали работникот е навистина виновен ако ја забележал грешката, дал отказ и молчел?

Сличен случај е забележан кон средината на годината во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде што наставничка добивала целосна плата 16 години, иако била на боледување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата