Фер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на Челик

1.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на Челик

Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз.

Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион  „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините.

Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин.

Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите.

На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата