Сијамските близначки Кармен и Лупита имаат 25 години и неодамна го изненадија светот со фотографија од свадба објавена на социјалните мрежи. Се испостави дека едната од нив се омажила.
Изненадувачки, но не и невозможно. Ова дури не е ниту изолиран случај – и една од сестрите Хенсел, исто така познати сијамски близначки, минатото лето го изговори судбоносното „да“, докажувајќи дека вистинската љубов навистина не познава граници.
Кармен Андраде го запознала својот сопруг Даниел Меккормак пред четири години, а пред неколку дена се венчале тајно за да не привлекуваат внимание. Интересно е што Кармен и нејзината сестра Лупита ги делат репродуктивните органи, па не е чудо што многу љубопитни луѓе почнале да поставуваат прашања – како е можно во таков случај да се има конвенционален интимен однос?
Даниел често мора да одговара на прашања за својот необичен личен живот, но секогаш нагласува дека е оженет само со една сестра.
Лупита додава дека е асексуална и дека не ја интересираат мажи, па не ја разбирала желбата на својата сестра да се омажи, бидејќи таа воопшто не размислува на таков начин. Таа вели и дека не ѝ се допаднал свршеничкиот прстен.
„Јас и Даниел се забавуваме, но не сме интимни. Нашата врска се заснова на блиско пријателство. Разговараме за веридба, но прво сакаме да живееме заедно, да видиме како ќе ни оди. Ги сакаме децата, но не сакаме свои. Јас и Лупита не можеме да забремениме, имаме ендометриоза и земаме хормонски блокатори за да ја избегнеме менструацијата“, раскажала Кармен порано.
Кога се родиле пред 25 години во Мексико, лекарите ѝ рекле на нивната мајка дека е малку веројатно дека ќе преживеат повеќе од три дена. Нивните тела се споени од градниот кош до карлицата: делат црн дроб, нозе, неколку ребра, дигестивен и репродуктивен систем. Во исто време, секоја има свое срце, бели дробови и желудник, и двете имаат по една рака.
Бидејќи делат премногу витални органи, раздвојувањето би било невозможно. Иако никој не им давал шанса, девојките ги демантирале лекарите и медицината. Сепак, не можеле да ги избегнат проблемите.
Развивањето им било поинакво и поспоро од врсниците, па првите самостојни чекори ги направиле дури на четиригодишна возраст.
Кармен отсекогаш била одлична ученичка и има извонредно чувство за хумор, додека Лупита имала потешкотии со читање, па наставниците морале да развијат посебна програма за неа. Иако делат исто тело, тие се целосно различни личности и многу се горди на тоа.
Лупита има и сериозни здравствени проблеми. Нејзиниот рбет е искривен и врши голем притисок на белите дробови. Можно е во иднина да мора да дише само со помош на боца со кислород. Сестрите веќе имале неколку комплицирани операции, но не ја губат надежта. Се обидуваат да уживаат во животот колку што можат, а светот може само да им се восхитува на таквата храброст и волја.