Денес се Светиот Захарија и Елисавета: Сите верници кои се борат за потомство задолжително треба да направат една работа!

18.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денес се Светиот Захарија и Елисавета: Сите верници кои се борат за потомство задолжително треба да направат една работа!

Свети Захарија и Елисавета добиле потомство во многу позни години, па во народот постои верување дека сите брачни парови кои копнеат по деца треба токму на овој ден да се помолат на овие светители за и самите да добијат благослов за родителство.

Родители на светиот Јован Претеча. Захарија беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот јерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод детеубиецот, еден ден кога Захарија служеше според својата чреда во јерусалимскиот храм, во олтарот му се јави Ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши. А Ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лк. 1).

И му објави Ангелот дека неговата жена Елисавета ќе роди син, според нивните молитви. А беа обајцата стари, и Захарија и Елисавета. Кога Захарија се посомнева во зборовите на небесниот известител, Ангелот му рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога.“ И онеме Захарија од тој миг, и не проговори додека не му се роди синот и додека не напиша на табличка: „Јован му е името.“ Тогаш му се отвори устата и Го величаше Бога.

Светиот пророк Захарија убиен пред олтарот

Подоцна, кога се роди Господ Исус и кога Ирод почна да ги убива децата во Витлеем, Ирод испрати да го најдат и синот на Захарија и да го убијат. Бидејќи Ирод имаше чуено за сè што му се случи на Захарија и како се роди Јован. Кога ги виде војниците, Елисавета го зеде Јован на раце - тогаш имаше една и пол година - и побегна со него од дома, и бегаше по каменливи и пусти места.

Гледајќи ги војниците како ја гонат, таа повика кон гората: „Горо Божја, прими ја мајката со дете!“ И се отвори карпата и ги скри во себе мајката и детето. Ирод, разјарен затоа што не го заклаа Јован, нареди да го заколат Захарија пред олтарот. Крвта на Захарија се истури врз мермерот и се стврдна како камен, та остана така како сведоштво за злосторството на Ирод. А таму каде што се скри Елисавета со Јован, се отвори пештера и потече вода и со Божја сила израсна плодородна палма. Четириесет дена по смртта на Захарија се упокои и блажената Елисавета. И остана младенецот Јован во пустината, хранет од Ангел и чуван од Божјата Промисла до оној ден кога требаше да се јави на Јордан.

Обичаи и молитва до Свети Захарија и праведната Елисавета

На денот посветен на Светиот пророк Захарија и праведната Елисавета, обичај е брачните парови заедно да одат во црква, да запалат свеќа и да се помолат на овие светители со следниве зборови:

„Свети Захарија и праведна Елисавето, вие што долго го чекавте благословот на дете и со молитва се зарадувавте на синот Јован, молете се сега за нас. Благословете го нашиот брак, за од нашата љубов да се роди нов живот. Дарувајте ни трпение и вера да ја чекаме Божјата волја, и сила за, ако нè услиши Господ, да ги израснеме децата во чистота, љубов и правда. Нека се слуша смеа од дете во нашиот дом, на радост и нам и на сите околу нас, за слава Божја. Амин.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата