Чудо како преживеала- гром удрил во тинејџерка, додека го држела телефонот, не ѝ било прв пат

4.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чудо како преживеала- гром удрил во тинејџерка, додека го држела телефонот, не ѝ било прв пат

Сè се случило едно дождливо попладне, а девојката објаснила дека имало „силен тресок“ по што почнала да има зуење во ушите, објавува Metro.

„Плачев како никогаш да не сум плачела во животот“

Лиса верува дека електричното празнење поминало низ штекерот, продолжниот кабел, полначот и нејзиниот мобилен телефон, а потоа низ десната рака и рамо. Инстинктивно го фрлила уредот, но после тоа едвај можела да се движи.

Нејзиниот вереник, Конер Велборн, открил дека таа „плачела како никогаш во животот“. Тој повикал брза помош и членови на семејството, а потоа ја сместил Лиса во друг дел од куќата.

Кога пристигнале лекарите, тинејџерката не можела да се сети на сопственото име, погрешно тврдела дека има 18 години и дека е Ејприл.

„Разбрав што ми кажуваат луѓето, но имав проблем да одговорам“, рекла таа.

Таа полека се опоравува

Нејзиниот крвен притисок бил екстремно висок - помеѓу 160 и 170. Најтешката повреда била на малиот прст, кој бил во директен контакт со полначот, но сега се опоравува.

Сепак, таа вели дека рамото сè уште ја боли како да е „удрена со бејзбол палка“.

„Го знаете чувството кога ги миете забите со електрична четка за заби, таа вибрација во раката? Беше слично, само што гореше“, додаде таа.

Шансите да биде удрена од гром...

Иако доживеала сериозен шок, Лиза верува дека повисока сила ја спасила.

„Мислам дека Бог ме заштитил, бидејќи ако не го сторил тоа, веројатно ќе изгорев. Тој ми даде сила да го фрлам телефонот“, рече таа.

Според Националната метеоролошка служба на САД, шансите лице да биде удрено од гром во САД се 1 од 15.300.

Неверојатно, тинејџерката тврди дека ова е втор пат да биде удрена од гром - првиот пат било кога била дете додека си играла надвор. Таа поминала два дена во болница и целосно се опоравила.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата