Бројот на милијардери во светот би можел да достигне 4.000 во наредните пет години

23.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на милијардери во светот би можел да достигне 4.000 во наредните пет години

Според анализата на „Knight Frank“, моментално во светот има 3.110 милијардери, а се очекува нивниот број да порасне за 25 отсто во наредните пет години, достигнувајќи 3.915, пренесува „Гардијан“.

Брзо расте и бројот на лица чиј имот вреди најмалку 30 милиони долари. Нивниот број пораснал од 162.191 во 2021 година на 713.626 денес, што претставува зголемување од над 300 отсто.

Лијам Бејли, директор за истражување во компанијата, изјави дека профитите од технолошкиот сектор, особено во областа на вештачката интелигенција, дополнително го забрзале акумулирањето на богатството.

Истражувањето покажува дека бројот на милијардери најбрзо ќе расте во Саудиска Арабија, каде би можел повеќе од двојно да се зголеми – од 23 во 2026 година на 65 во 2031 година. Сличен тренд на двоен раст се очекува и во Полска (од 13 на 29), додека во Шведска се предвидува раст од 81 отсто.

Истовремено, јазот меѓу најбогатите и најсиромашните продолжува да се продлабочува.

Минатогодишниот извештај за глобална нееднаквост покажа дека помалку од 60.000 луѓе (0,001 отсто од светската популација) контролираат трипати повеќе богатство отколку целата најсиромашна половина на човештвото. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата