Според полициското соопштение, 38-годишникот претходно ја повикал потенцијалната жртва по телефон и, претставувајќи се како сметководител, ја замолил да подготви готовина и вредни предмети за наводно да избегне казна од даночните власти, објавува порталот Kathimerini.gr..
Сепак, 62-годишната сфатила дека станува збор за измама и ја известила Единицата за сузбивање и истрага на криминалот во Харилу-Аналипсеос. Полицајците ја следеле до претходно договореното место за средба, каде што жената пристигнала за да им предаде 4.500 евра во готово и десет златници на наводните измамници.
Двете лица беа уапсени во патничко возило во кое ја чекале 62-годишната жена. Тие се обиделе да избегаат штом ја забележале полицијата, но не успеале.
Полициската истрага откри дека 38-годишникот наводно бил вмешан во најмалку два други слични случаи - едниот во Сикија, а другиот во Агиос Атанасиос.
