Забрана за пловидба од дел од пристаништата во Атина поради силен ветер

28.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Забрана за пловидба од дел од пристаништата во Атина поради силен ветер

Поради силен ветер, што во одредени делови достигнува и до осум и девет Бофори (над 65 километри на час), од рано утрово има забрана за пловидба од две од трите атински пристаништа, јави дописничката на МИА од Атина.

Забраната е во воведена за сите бродови и траекти од пристаништата во Лаврио и Рафина, додека од најголемото пристаниште Пиреас забраната се однесува на бродовите кон Кикладските острови, а редовно ќе сообраќаат оние кон островите што се во непосредна близина на Атина. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата