Пукотница во Љубљана: Двајца загинати, напаѓачот во бегство

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукотница во Љубљана: Двајца загинати, напаѓачот во бегство

Според последните информации две лица загинале, а напаѓачот е во бегство. Полицијата се уште трага по него.

Полицијата го обезбеди местото на настанот и прибира информации за инцидентот. Полицијата првично извести дека се повредени две лица, но подоцна соопштено е дека починале поради тешките повреди.

„Се молат граѓаните да ги следат упатствата на полициските службеници и да не ја попречуваат работата на итните служби со останување на местото на настанот. Кога ќе се знаат повеќе информации, јавноста ќе биде информирана“, соопшти Управата на полицијата во Љубљана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата