Парламентот на Република Српска ја назначи Ана Тришиќ Бабиќ за привремен претседател на тој ентитет

19.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Парламентот на Република Српска ја назначи Ана Тришиќ Бабиќ за привремен претседател на тој ентитет

Парламентот на Република Српска за привремен претседател на тој ентитет ја назначи Ана Тришиќ Бабиќ, блиска соработничка на Милорад Додик, кој во август остана без мандат, но тврди дека претседателот е волјата на народот, а за Тришиќ, Бабиќ вели дека нејзина единствена задача е да се справува со „формалностите“.

Ана Тришиќ Бабиќ е советник за надворешна политика на Додик и е позната како негов верен соработник, а нејзиното име се спомнуваше во контекст на изборот на лице кое во име на Босна и Херцеговина ќе ги води пристапните преговори со Европската Унија.

Таа официјално беше предложена од владејачкото мнозинство контролирано од Додик, а претседателот на клубот на претставници на неговиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), Срѓан Мазалица, предлогот го образложи со потребата да се обезбеди функционирање на сите власти во услови на „неуставни дејствија на Судот на Босна и Херцеговина и Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина“.

Тоа мнозинство гласаше и за укинување на шест закони донесени од Парламентот на РС во декември 2024 година, обидувајќи се да ги оспорат активностите на судските органи и безбедносните агенции на Босна и Херцеговина на територијата на тој ентитет. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата