Напаѓачот, кој уби две лица во Љубљана, е најден мртов

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Напаѓачот, кој уби две лица во Љубљана, е најден мртов

Според првите информации од полицијата, сторителот побегнал од местото на настанот, а подоцна од полициската управа Љубљана соопштија дека на теренот е пронајден мртов маж за кој сметаат дека може да биде сторителот. „Утврдувањето на сите околности се уште е во тек“, соопштуваат оттаму.

Полицијата го обезбеди местото на настанот и прибира информации за инцидентот. Најпрвин пријавиле дека се повредени две лица, но подоцна било соопштено дека починале поради тешките повреди.

„Се молат граѓаните да ги следат упатствата на полициските службеници и да не ја попречуваат работата на итните служби со останување на местото на настанот. Кога ќе се знаат повеќе информации, јавноста ќе биде информирана“, соопшти Управата на полицијата во Љубљана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата