Двојката била на одмор во Неа Каликратија, а мажот рекол дека неговата сопруга влегла во вода и дека е исчезната!
Крајбрежната стража на Грција и три приватни бродови веднаш почнале да ја бараат. Сепак, набрзо ја пронашле жената, жива и здрава, на плажата.
Како што напишале сведоците во популарната Фејсбук група Grčka info, жената рекла дека дури и не влегла во морето!
Не е познато дали станува збор за недоразбирање меѓу сопружниците и дали несреќната Македонка ќе трпи некакви последици, објави Телеграф.