Крвна одмазда во БиХ: 26- годишно момче го уби убиецот на својот брат

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Крвна одмазда во БиХ: 26- годишно момче го уби убиецот на својот брат

Како што пишува Аваз, тој таму ја отслужил казната за убиството на Хасан Граховиќ во јануари 2021 година. Граховиќ починал на 28-годишна возраст. Халилагиќ синоќа бил убиен од братот на Хасан Граховиќ, Изет Граховиќ (26).

Откако младиот човек бил убиен во 2021 година, Изет Граховиќ се подготвувал да се одмазди за смртта на својот брат. Халилагиќ бил ликвидиран како жртва на крвна одмазда, обичај кој сè уште не е искоренет, особено во руралните делови на Босна и Херцеговина.

Изет Граховиќ, како што пренесуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори, пукал во Халилагиќ од автомобилот и испукал неколку куршуми кон него, а сѐ укажува дека тој внимателно го испланирал убиството.

Бахрудин Џелалагиќ, портпарол на полицијата на Унско-санскиот округ, за Независне новине изјавил дека осомничениот за убиството мирно го чекал пристигнувањето на полициската патрола и го предал оружјето што го користел за да го изврши убиството.

Медиумите пишуваат дека Граховиќ бил мирен и повлечен човек без досие во полиција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата