Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во нападот во Тел Авив, погодена нивната зграда

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во нападот во Тел Авив, погодена нивната зграда

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во саботата дека иранското раководство ја преминало црвената линија со таргетирање на цивили и дека „ќе плати висока цена за тоа“.

Судирите меѓу Иран и Израел продолжија и викеднов, кога Израел ја спроведе својата најголема воздушна офанзива досега.

Целта на нападот повторно е Тел Авив, каде што беше погодена зграда во која се сместени хрватски дипломати.

Амбасадорката на Хрватска во Израел, Весела Мрѓен Кораќ, ја потврди сериозноста на ситуацијата во рок од 24 часа, истакнувајќи дека неколку лица беа убиени, а десетици беа ранети во нападите синоќа.

Зградата во која биле сместени хрватските конзули е значително оштетена, а конзулот и неговата сопруга претрпеле полесни повреди.

Амбасадорката за хрватските медиуми изтакнала и дека евакуацијата сè уште не е можна поради затворениот воздушен сообраќај и честите напади.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата