Денеска се одбележуваат 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница

11.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска се одбележуваат 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница

Со одекнување на сирените од возилата точно напладне низ повеќе градови во Босна и Херцеговина започна одбележувањето на 30 години од злосторството во Сребреница, а над околу 10.000 учесници на овогодинешниот „Марш на мирот“ – 6.000 регистрирани, 3.000 кои се приклучиле подоцна и околу 1.500 моторџии вчера пристигнаа во Меморијалниот центар Сребреница во Поточари кадешто ќе бидат погребани посмртните остатоци на уште седум жртви кои биле пронајдени на различни локации.

На комеморацијата се обрати и еврокомесарката Марта Кос го оцени злосторството како длабок белег во европската историја и рече дека луѓето се способни да го направат и незамисливото.

-Сребреница остава длабок белег во европската историја. Сребреница се случи за време на мојот живот, во наша близина во државата во која бев родена, држава која денес повеќе не постои. Не потсетува дека луѓето се способни да го направат незамисливото и дека омразата и дехуманизацијата можат да доведат до најтешките злосторства,- -Марта Кос .

Одбележување денеска имаше и во Чаир кадешто беше положено свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од геноцидот. На настанот се обрати и … која потсети за 18 годишната потрага по најстарата и најмладата жртва и порача никому да не се повтори ваквиот злостор.

Најстарата жртва е жена, Шаха Измелиќ – 94 години, а најмладата, новороденче Татима Мухиќ по чии посмртни остатоци се трагаше 18 години. Потрагата која траеше многу подолго од нејзиниот живот се заврши откако беше пронајдена во ќеса за ѓубре.

Масакрот во Сребреница е извршен во текот на војната во Босна и Херцеговина од страна на босанските срби и бил предводен од страна на генералот Ратко Младиќ и претставува најголемото масовно убиство во Европа по втората светска војна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата