Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

17.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

Тој посочи дека е повреден еден припадник на Жандармеријата, а уапсени се 18 лица. Според него, најмногу инциденти имало во Ваљево, Белград и Нови Сад, но јавниот ред е воспоставен во сите три града.

Во Ваљево биле запалени просториите на Српската напредна партија, но за среќа таму немало луѓе. Демолирани биле и просториите на градската управа, Судот и Обвинителството. На собирот во градот присуствувале околу 4.000 луѓе.

Дачиќ нагласи дека за време на протестите биле нападнати просториите на Српската напредна партија, Српската радикална партија, Социјалистичката партија на Србија и Движењето на социјалистите.

Според Дачиќ, во Белград протестирале околу 1.300 лица, кои, како што рече, биле „многу агресивни“ и ја гаѓале полицијата со шишиња наполнети со запаллива течност и со пушките за пејнтбол.

Во Нови Сад биле собрани околу 500 демонстранти. - Мора да биде јасно дека насилството нема да се толерира, порача српскиот министер и додаде дека сите кои го прекршиле законот ќе бидат санкционирани. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата