Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

7.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

Според образложението Законот има за цел да го хармонизира албанското законодавство со стандардите на Европската Унија за човекови права и еднаков третман на жените и мажите.

- Новиот закон има за цел да ја подобри постојната законска рамка за да обезбеди еднакви можности во вработувањето, образованието, застапеноста во процесот на донесување одлуки и заштита од каква било форма на дискриминација врз основа на пол, се додава во образложението.

Законот, за кој гласаа пратениците од владејачкото мнозинство предвидува нови институционални механизми за ефикасно спроведување на стандардите за еднаквост и зајакнување на улогата на одговорните институции.

Против донесувањето на законот освен опозицијата, беа и верските заедници, а протести организираа граѓански здруженија, оценувајќи дека е „закана за албанското традиционално семејство“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата