Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот, а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен противпорараната служба биле вклучени и други институции
-Тоа беше една голема акција и еден брз, професионален и квалитетен одговор. Со сигурност можам да кажам дека е спасен огромен број животи. Преку 60 лица требаше да бидат евакуирани од 6. и 7. спрат. Зијад Лугавиќ – Градоначалник на Тузла.
Мегу повредените во пожарот се и седуммина врботени во домот кои исто така се хоспитализирани во клиничкиот центар Во Тузла .. директорот на домот Мирсад Бакаловиќ утринава си поднел оставка.

-Би ја искористил приликата за она што е најчовечки, она што најмалку можам да го направам во оваа трагедија и слично, јас утринава, што се вели од душа за да бидам со нашите корисници кои се овде и на сродниците кои изгубија некого до управниот одбор поднесов оставка,- Мирсад Бакаловиќ – Директор на пензионерскиот дом.
На социјалните мрежи протече и фотографија на која се гледаат пламените јазици на седмиот кат од домот, а еден спрат подолу како едно стои лице стои беспомошно. Дел од роднините на пензионерите но и некои од нив сведочат дека ситуацијата синоќа била хаотична. постоела голема загриженост бидејќи немале доволно информации што навистина таму се случува.

-Излегов во ходникот и ми се јави некој, вели: каде сте, дали сте загрозени? –Реков не сум загрозена, но не можам да бидам во собата- Ружа Кајиќ – Сместена во пензионерскиот дом .
-Како изгледаше целата евакуација? –За жал, не бев присутен во текот на евакуацијата, но во секој случај имав впечаток дека владее општ хаос, не беше организирано. Нема информации. Тончи Иличиќ – Син на сместено лице во пензионерскиот дом.
-Синоќа овде беше хаотично, меѓутоа видов и сама, бидејќи бев на лице место, пожарникарите и полицајците даваа се од себе, влегуваа без маски и полошо. Спасуваа повредени,- Адријана Чајиќ – Роднина на сместено лице во пензионерскиот дом.

Во домот биле сместени околу 100 луѓе..најалармантно според тамошните медиуми е дека на најгорните сапратови од домот биле сместени лица со деменција како и потешко болни, а со тоа и најдалеку од излезот на зградата, иако корисиниците на домот и нивните семејства но и одредени политичари во тузла, со години предупредувале на лошите усклови во домот..

И покрај тоа во јануари управата на домот ја згоелмила цената за сместување за дури 30 отсто.

Портаолот кликс -ба тврди дека во Тузла со години било предупредувано дека зградата била небезбедна.

