Законот за финансирање на американската Влада, по усвојувањето во Сенатот, денеска ќе биде упатен и во Претставничкиот дом

12.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Законот за финансирање на американската Влада, по усвојувањето во Сенатот, денеска ќе биде упатен и во Претставничкиот дом

Законот за финансирање на американската федерална администрација во екот на најдолгата блокада на федералната влада во историјата на САД денеска ќе биде испратен во Претставничкиот дом на усвојување, откако во понеделникот беше усвоен во Сенатот со 60 гласа „за“ и 40 „против“, објавија  американските медиуми.

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, пред два дена им порача на пратениците  да почнат да се враќаат во Вашингтон што е можно поскоро, наведувајќи ги доцнењата на авионите низ САД, објави Си-Би-Ес Њуз.

Конечниот закон го продолжува финансирањето на повеќето владини институции до 30 јануари и вклучува три закони за финансирање на некои посебни делови од владата.

Републиканците во Претставничкиот дом се убедени дека овој закон ќе биде усвоен во Долниот дом на Конгресот.

Се очекува, по неговото усвојување во Конгресот, законот да биде потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата