Возило со голема брзина се удрило во толпа луѓе на познатиот булевар Санта Моника. Бројни спасувачки екипи брзо биле испратени на местото на настанот, објави Телеграф.
Според првите информации објавени од службите за итни случаи, состојбата на петмина од повредените е критична и лекарите се борат за нивните животи. Уште најмалку десет лица се здобиле со тешки повреди.
Video from the scene where a vehicle ploughed into a crowd in East #Hollywood, #LosAngeles.
— War Reporter (@tangentsofwar) July 19, 2025
At least 20 people injured, according to the LA Fire Department.#California pic.twitter.com/hqSdNbGHHN
Несреќата се случила околу 2 часот наутро по локално време во населбата Ист Холивуд во Лос Анџелес. Фотографиите и видеата од местото на настанот покажуваат вознемирувачки сцени. Сив автомобил е запрен на тротоарот, опкружен со разни делови, додека голем број полицајци го обезбедуваат местото и спроведуваат истрага.