Украинската Влада го смени министерот за правда Галушченко, опфатен во истрагата за корупција

12.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинската Влада го смени министерот за правда Галушченко, опфатен во истрагата за корупција

Според нејзината објава на Телеграм, украинската влада утринава одржала вонредна седница на која е донесена одлука да се разреши Галушченко од функцијата министер за правда, пренесува Укринформ.

Таа додаде дека Кабинетот на министрите функцијата министер ѝ ја доделил на заменичката министерка за правда задолжена за европски интеграции, Људмила Сугак.

- Разговарав со премиерката на Украина, Јулија Свириденко. Се согласувам целосно: Треба да се донесе политичка одлука, а дури потоа да се разгледаат сите детали. Не се држам до функцијата министер и нема да се држам. Верувам дека суспензијата за време на траењето на истрагата е цивилизирано и правилно сценарио. Ќе се бранам во правната сфера и ќе го докажам мојот став, напиша Галушченко на Фејсбук.

Националното биро за борба против корупција на Украина на 10 ноември објави специјална операција за откривање корупција во енергетскиот сектор. Истрагата утврдила дека членови на криминална организација изградиле голема шема на влијание врз стратешки претпријатија од државниот сектор, особено врз ННЕГЦ Енергоатом.

Информиран извор од органите за спроведување на законот соопшти за Укринформ дека вработени во антикорупциското биро извршиле претреси во резиденцијата на бизнисменот и косопственикот на студиото „Квартал 95“ Тимур Миндич, како и во резиденцијата на министерот за правда Герман Галушченко, кој претходно ја извршувал функцијата министер за енергетика.

Полициските службеници на 11 ноември привеле пет лица во рамките на истрагата за корупција во енергетскиот сектор, а седум лица се пријавени како сомнителни. Службениците за спроведување на законот извршиле претреси во Енергоатом и во куќата на министерот за правда Галушченко, наведуваат украинските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата