Се урна дел од огромен нов мост во Кина- причина се дождовите (ВИДЕО)

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се урна дел од огромен нов мост во Кина- причина се дождовите (ВИДЕО)

Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.

Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а се вели дека пукнатините се појавиле поради обилните дождови.

Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“ од Кина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата