Најмалку 60 лица загинаа во напад врз бегалски центар во градот Ел Фашер, соопшти суданска организација

11.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 60 лица загинаа во напад врз бегалски центар во градот Ел Фашер, соопшти суданска организација

Локалната невладина организација „Координација на комитетите на отпорот“ соопшти дека воени сили од паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) извршиле два напади со дронови и испукале осум проектили кон бегалскиот центар „Дар ал Аркам“, кој се наоѓа во рамките на локален универзитет.

„Координација на комитетите на отпорот“ ја организира и координира хуманитарната помош за погодените од конфликтот во Судан и документира случаи на злоупотреби. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата