Командантот на НАТО за Европа со алармантна изјава: Воен судар со Русија и Кина е можен веќе во 2027 година

19.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Командантот на НАТО за Европа со алармантна изјава: Воен судар со Русија и Кина е можен веќе во 2027 година

Тој додаде дека верува оти Пекинг и Москва би можеле да нападнат истовремено и на координиран начин, објави „Билд“.

„Она што кинескиот лидер Си Џинпинг веројатно ќе го направи пред да одлучи да преземе воена акција против Тајван е да го повика својот пријател рускиот претседател Владимир Путин и да го замоли за помош. Тоа за мене значи дека обете работи би можеле да се случат истовремено“, рече Гринкевич за време на конференцијата за одбрана во Висбаден, Германија, каде што се наоѓа Командата на НАТО за безбедносна помош и обука за вооружените сили на Украина.

Тој додаде дека 2027 година би можела да биде „потенцијално критична година“.

„Ќе ни треба секое оружје, опрема и муниција што можеме да ја набавиме за да бидеме подготвени“, нагласи командантот на НАТО.

Според германскиот весник, во владините кругови во Берлин расте и стравот дека Русија наскоро би можела да нападне една од помалите земји-членки на НАТО, бидејќи не се очекува земјите од Алијансата да постигнат сериозни одбранбени капацитети до 2029 година. Според „Билд“, некои министри во владата на канцеларот Фридрих Мерц очекуваат руска воена провокација да се случи во 2027 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата