Двајца француски алпинисти загинаа на Монблан

20.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца француски алпинисти загинаа на Монблан

Локалната служба за планинско спасување објави дека несреќните алпинисти „веројатно паднале“.

Француската агенција АФП пишува дека станува збор за 25-годишна девојка и 56-годишен маж. Потрагата по двајцата алпинисти започнала вчера откако нивното загрижено семејство кренало тревога.

Нивните тела биле пронајдени во подножјето на Агиј де Бионасе, врв на надморска височина од 4.052 метри надморска височина, на алтернативен пристапен пат до Монблан кој е „технички доста тежок и бара многу искуство“, соопшти службата за спасување.

Покрената е истрага за да се утврдат причините за несреќата. Се верува дека жртвите, кои не живееле во областа, загинале при пад од ледениот остар гребен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата