Идра е дел од групата Саронски острови што се во близина на Атина, а Пит пристигнал со брод од грчката метропола во придружба на неговата партнерка Инес де Рамон и пеш се упатил до вилата каде што е сместен, со оглед на тоа што на островот се забранети автомобили.
Островот, како што пишуваат медиумите во Грција, е под силни безбедносни мерки, а снимањето започнало утрово на отворено.
Според истите информации, се очекува во текот на викендот на островот да пристигне амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл и да се сретне со американскиот актер./МИА.

