Одлучувачкиот фактор што Лени Јоро го избра Манчестер Јунајтед наместо Реал Мадрид беше од финансиска природа. Според „Марка“, талентираниот Французин, за кого „црвените ѓаволи“ платија 52 милиони фунти, добил понуда за плата од 2,5 милиони евра од европскиот шампион. Сепак, понудата на Јунајтед беше многу поголема – 9,5 милиони евра. Кралскиот клуб на крајот одби да понуди повеќе и патот за трансфер на Јоро на Олд Трафорд беше расчистен.
Французинот немаше среќа на почетокот на кариерата во Јунајтед бидејќи заработи сериозна повреда за време на претсезонскиот период со Арсенал, а потоа беше опериран и ќе биде на опоравување најмалку три месеци. Потоа, 20-кратниот шампион на Англија донесе уште еден нов централен дефанзивец во лицето на Матијс де Лихт.