Со полициска асистенција утрово се уриваа дивоградби во стариот дел на Охрид

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со полициска асистенција утрово се уриваа дивоградби во стариот дел на Охрид

Со полициска асистенција утрово продолжи акцијата за уривање на дивоизградената платформа на кафетеријата „Ликвид“ во стариот дел на Охрид, објави порталот „Охрид1“.

Уривањето на платформата беше одложено неколку пати, заради тоа што сопствениците го затворале објектот, а пристапот до терасата е можен или од влезот или по воден пат.

Како што можеше да се види на терен, екипите за уривање утрово до објектот стигнале по воден пат, а акцијата започнала во 6 часот утрово.

Поголем дел од сопствениците на угостителски објекти во овој дел на Охрид покажаа свест и одговорно однесување и сами ги отстранија дивоизградените платформи, но, за жал, има и вакви случаи во кои мора државата да интервенира и да го заштити езерото и имотот на државата, т.е. на граѓаните од нелегална експлоатација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата