Катастрофална игра за нов пораз на Вардар во Лигата на шампионите

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Катастрофална игра за нов пораз на Вардар во Лигата на шампионите

Екипата на Вардар доживеа уште еден пораз во Лигата на шампионите и на гостувањето кај унгарски Веспрем загуби со 39-30,

Македонскиот и европски првак одигра катастрофално во одбраната и поради тоа тешко се бркаше негативата стекната уште на стартот.  Одбранбената линија целосно потфрли, а ниту голманите не беа на посакуваното ниво.

Во текот на натпреварот Вардар успеа да се одржи само почетните неколку минути за веднаш потоа да тргне во надолна линија. Одбраната потфрли, додека пак крилата имаа тешкотии да постигнуваат голови, па така единствено функционираа само бековите. И поради тоа на полувремето Вардар губеше со резултат 21-17.  Во второто полувреме заради опуштената и неорганизирана игра на Вардар во еден момент имаа и 10 голови предност  (37-27), за да на крајот натпреварот заврши со 39-30 за унграскиот тим.

Кај Веспрем најдобар беше Лауге Шмид со 8 гола, Нилсон постигна 6, а Нендадиќ 5, додека кај црвено-црните Дибиров постигна 8, а Дисингер натпреварот го заврши со 5 гола.

За враќање на победнички ритам не помогна ни тренерската смена на Писонеро со Кокшаров. За вардарци ова е втор во низа пораз откако во минатото коло загубија од Кил во Скопје.

Во следното коло Вардар ќе игра дома против Мешков Брест, а Веспрем ќе гостува кај Киелце.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата