Завршена истрагата за мејловите на Хилари Клинтон

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Завршена истрагата за мејловите на Хилари Клинтон

Стејт департментот ја заврши внатрешната истрага за користењето на адресата на приватната електронска пошта на поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон.

Во рамки на истрагата, Стејт департментот утврди престапи кај 38 лица. Како што пренесува АП, од тие 38 лица, некои би можеле да се соочат со дисциплински постапки.

Со истрагата, отворена пред повеќе од 3 години, утврдено е дека 38 лица се одговорни за вкупно 91 случај за испраќање доверливи податоци од личниот именик на Хилари Клинтон, се наведува во писмото кое оваа недела е испратено до републиканскиот сенатор, Чак Гресли.

Тие 38 се актуелни службеници во Стејт департментот, кои не се идентификувани. Престапите ќе бидат евидентирани во нивните досиеа и би можеле дисциплински да одговараат, но се уште не е познато на кој начин.

Наспроти тоа што во извештајот се утврдени неправилности, наведено е дека истражителите не дошле до, како што се наведува, убедливи докази за системска, намерна грешка со користење на доверливи информации.

Сепак, се наведува дека употребата на приватниот мејл на Хилари Клинтон влијаела на загрозувањето на тајноста на податоците.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата