Милошоски: Заев никогаш не победил на парламентарни избори!

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милошоски: Заев никогаш не победил на парламентарни избори!

Антонио Милошоски на својот фејсбук-профил се осврна на најавените предвремени парламентарни избори и заминувањето на актуелната власт.

„Заев си заминува, ова му се последните недели/месеци на премиерското столче. Со него си заминуваат и Рашковски, Кики и Фрики, Курто Дудуш, тандемот Филипче и Ден Дончев, инспекторот Бујар Османи, Кочо Анѓушев, Никола Димитров, Садула Дураку, Љубе Бошковски, Вице процент Заев, Васко процент Ковачевски, Лидија Димова, вртикапата Жерновски, Драгиша Милетиќ и „екипата”…“, напиша на Фејсбук пратеникот Антонијо Милошоски по предлогот на премиерот за брзи избори.

Тој истакна дека досега Заев никогаш не победил на избори, па нема ниту сега.

„Предвремени избори ќе има! Заев никогаш не победил на парламентарни избори, а овој пат ќе биде силно поразен од народот што го излажа и разочара. Најдобро е Заев што поскоро да поднесе оставка и нека одлучи дали Оливер Спасовски, или Радмила Шеќеринска или Кочо Анѓушев ќе биде 100 дена технички премиер кој ќе раководи со владата до изборите. Кога ќе се одлучи за технички премиер, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе понуди соодветни кадри на чело на МВР и Министерството за труд, и на останатите позиции согласно законот. После ова ќе следува изборот на техничката влада која за 100 дена ќе има главна задача подготовка за избори, кои, доколку изборот на техничката влада се случи во ноември-декември, најрано би можеле да се одржат во февруари-март 2020 година. Потоа понуда на издржани и реални изборни програми, силна уверлива изборна кампања и кандидати за пратеници. По три недели кампања, ден за избори. Фер и демократски. Европски. Достоинствено. Решително. Победнички!“, напиша Милошоски:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата