ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО: Последните зборови на татко кој своето срце го подари на неговиот син

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО: Последните зборови на татко кој своето срце го подари на неговиот син

Бидејќи времето истекувало многу брзо, а семејството немало толку финансии, колку што биле неопходни за операцијата, самиот татко решил да го подари своето срце на неговиот сакан син.

Таткото во ниту еден момент не се посомневал во својата храбра одлука.

Во еден момент, синот го прашал својот татко: -Тато, а што ќе ми подариш за следниот роденден?

Тогаш таткото решил да му напише писмо на својот син, насловено со зборовите „Ти го подарив моето срце“.

Ова е една многу трогателна, а воедно и поучна случка за многу луѓе. Бидејќи колку многу пари се трошат на бескорисни работи, а овој човек ја немал потребната сума од која зависел нечиј живот, па според него, го направил најразумниот чекор. Еве кои биле последните зборови на таткото, кои ги напишал во писмото наменето за неговиот син:

„Здраво сине, Ти најдов ново срце… Едноставно посакав да ти кажам неколку нешта. Сакам секогаш да ја слушаш твојата мајка, бидејќи таа е твојата најдобра пријателка и бидејќи семејството е многу важно.

И девојките…Сè уште си мал за нив, но кога ќе дојде време и за тоа, однесувај се кон нив како кон принцези. И доколку си рекол нешто, и доколку си ветил нешто, направи го тоа, бидејќи твојот збор мора да вреди.

И доколку имаш можност да заработиш пари, искористи го тоа, дури и ако тоа понекогаш значи да ја наведнеш главата.

Не биди глупак како татко ти. Сè ќе биде многу полесно, доколку имаш пари. Не пуши цигари, не консумирај наркотици, секогаш обиди се да бидеш добар и чесен човек.

Доколку некој се обиде да те повреди, биди маж и заштити се. И внимавај лошите денови да не те скршат. Во животот има многу убави нешта.

Јас секогаш ќе бидам овде до тебе. Точно тука (посочува кон срцето). Ќе се видиме подоцна сине.

Те сакам! “

Видеото не е базирано врз негова вистинска приказна, туку е глума и има за цел да ја покаже големината на љубовта на родителот кон своето дете.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата