Денеска се жени Рафаел Надал

19.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска се жени Рафаел Надал

Познатиот тенисер Рафаел Надал (33) денеска ќе се ожени со својата љубов од детство, Мери Парело (31). Свадбата ќе се одржи во Мајорка, на имотот Ла Форталеца.

Од она што досега е познато, меѓу гостите ќе бидат Карлос Моја, исто така тенисер, но веќе пензиониран, како и Хуан Карлос Први од Шпанија, кој се очекува да пристигне со хеликоптер. Ѓоковиќ и Федерер нема да бидат присутни од оправдани причини, како пренесуваат странските медиуми, но Енрике Иглесијас и Кристијано Роналдо ќе се појават на свадбата на која се очекува да има преку 500 гости.

Инаку, на местото каде што ќе се одржи свадбата е снимана и серијата „Ноќниот менаџер“ со Том Хидлстон, Хју Лори и Оливија Колман во главните улоги. Ако сте ја гледале, тогаш јасно ви е за каков раскош и огромно пространство се работи.

За храната ќе се погрижи еден од најпознатите шефови од Мајорка, Макарена де Кастро.

Инаку, „Ла Форталеца“ е купена од лордот Лаптон во 2011 година за 30 милиони фунти, иако побаруваната цена изнесувала 75 милиони.

Оригиналната градба, која во моментот е најскапиот имот во Шпанија, е изградена во 1628 година, за да одбрани Мајорка од освојувачите.

Пред да го купи Лаптон, имотот е трасформиран и проширен, па сега вклучува седум вили, со 17 спални соби, два базени и простор за слетување на хеликоптери.

Рафа во јануари откри дека се верил со Мери, со која се заедно 14 години,а спортистот ја побарал за жена во мај 2018 година, за време на романтично патување во Рим.

Неговата изабраничка, Марија Франциска Перело работи со осигурување, а има диплома во областа на бизнисот. Таа исто така, е проект директор во „Рафа Надал Фoндација“, која е основата пред 10 години.

Инаку, Надал одамна не крие од јавноста дека е семеен човек и дека посакува деца.

Но, исто така, реалноста е дека годините поминуваат, и би сакал да го направам сето тоа кога мојата кариера ќе го одреди. Сепак, имам и девојка, така што одлуките не ги носам сам“, ќе изјави во една пригода.

 

Очигледно, вистинскиот момент дошол.

За разлика од девојките и сопругите на „конкуренцијата“ на Надал, Мери речиси никогаш ја нема на терените.

Во врска со тоа во 2011 година ќе каже:

Патувањето заедно секаде, дури и да можам, нема да биде добро ниту за мене, ниту за него. Кога се натпреварува, тој има потреба од свој простор и самата идеја да „висам“ околу него, грижејќи се за неговите потреби не е добра. Тоа би ме угушило. А и тој ќе се грижи за мене… Не. Ако го следам секаде, мислам дека постои ризик да не се согласуваме најдобро“.

Околу изгледот на младенците нема никакви шпекулации, така што инзенадувањето во тој поглед допрва следи.Со оглед дека на сите им е забрането да внесуваат мобилни телефони, ќе се чека на официјалните фотографии кои двојката ќе ги објави.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата