Милошоски: Се прави злоупотреба на ЕУ за бизнис интереси на семејството на премиерот (ВИДЕО)

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милошоски: Се прави злоупотреба на ЕУ за бизнис интереси на семејството на премиерот (ВИДЕО)

Во вечерашната дебата Кликплус на ТВ21 Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не верува дека премиерот Зоран Заев ќе се откаже од премиерската функција, поради бизнис интересите на неговото семејство, што му е единствен приоритет, наместо реалната политика.

 - Ние можеме да зборуваме за ланскиот снег цела емисија. Требало Заев кога излегувал на избори да каже, извинете, после овие 10 години, нам ќе ни требаат 8 години за да стигнеме до некој минимум. Премиерот рече имаме план, доаѓаме на власт и ќе има 100.000 за лекарите плата, толку нови училишта, Фејсбук и Гугл ќе дојдат во Македонија и што уште не, посочи Милошоски.

Според него, сега има парадоксална состојба.

- Како може предлог закон за измена на закон за опојни дроги. Во ниедна земја не е унифицирано тоа, нема Европска директива. Се злоупотребува кредибилитетот на ЕУ кога со европско знаменце во Собрание се доставуваат предлог измените на законот за опојни дроги, затоа што на нивните во Свети Николе, Валандово и Карбинци имаат исушена марихуана што не можат да ја продадат. Тоа класична злоупотреба на ЕУ за бизнис интереси. Предмет сме на сериозна критика кај амбасадорите за ова, еден од нив и мене ми го спомена ова, посочи Милошоски.

Тој ги наведе сите примери кога премиерот ветувал оставка, но секогаш лажно.

- Рече дека ќе поднесе оставка ако не успее референдумот. Па рече дека ќе поднесе оставка ако на референдумот не излезат 51% од гласачите, па рече дека ќе поднесе поставка ако не добиеме датум. Едноставно, не верувам дека ќе поднесе оставка, но да видиме во следните денови што ќе се случува, посочи Милошоски.

Според него, најважно е да се оди на предвремени избори и граѓаните да кажат дали се за оваа владеачка гарнитура или се за друга политичка алтернатива.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата