Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ најмногу бара да се почитува 100 дена Пржинска влада (ВИДЕО)

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ најмногу бара да се почитува 100 дена Пржинска влада (ВИДЕО)

Во вечерашната дебата Кликплус на ТВ21 Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не верува дека премиерот Зоран Заев ќе се откаже од премиерската функција, поради бизнис интересите на неговото семејство, што му е единствен приоритет, наместо реалната политика.

- Се злоупотребува кредибилитетот на ЕУ кога со европско знаменце во Собрание се доставуваат предлог измените на законот за опојни дроги, затоа што на нивните во Свети Николе, Валандово имаат исушена марихуана што не можат да ја продадат. Предмет сме на сериозна критика кај амбасадорите за ова, еден од нив и мене ми го спомена ова, посочи Милошоски.

Тој смета дека е потребно присуство на лидерската средба кај претседателот Пендаровски, бидејќи се работи за државно прашање.

- Треба да видиме што е на маса, да дадеме совети како нешто да се подобри, да ги видиме роковите за тие поправки, па да предложиме временска линија за евентуално подобрување на Изборниот законик, по што би следувала временска рамка за формирање техничка Влада на 100 дена пред изборите, посочи Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ не планира да ја пали канцеларијата на претседателот на државата, не планира да фарба и да го урива угледот на државата, туку да ги искористи сите демократски методи како алатки за избори.

- ВМРО-ДПМНЕ најмногу бара да се почитува 100 дена Пржинска влада, онака како што е договорено, посочи Милошоски.

Според него, во ваков случај, опозицијата ќе има министер за внатрешни работи и труд и социјала, како и заменици министри.

- На Заев не му одговара 100 дена министер за внатрешни да биде од опозицијата, а тој знае зошто, посочи Милошоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата