(Видео) Градоначaлникот на Вуковар здивел на седница и го фрлил статутот отпечатен на кирилица

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Градоначaлникот на Вуковар здивел на седница и го фрлил статутот отпечатен на кирилица

Градоначалникот на Вуковар, Иван Пенава предизвикал инцидент и скандал на седницата во Градскиот совет, која од самиот почеток била напната, пренесува хрватски „Индекс“.

Една од точките на дневен ред на денешната седница било донесување предлог-заклучок за постигнатиот степен на разбирање, солидарност и дијалог меѓу граѓаните на градот Вуковар, но Пенава во еден момент здивел. Тој го зел предлог-статутот на Вуковар, кој е печатен на кирилица и го фрлил на земја пред српските советници.

„Ова го сметам за чин на демнечка великосрпска агресија на Милорад Пуповац и СДСС. Вуковар нема да клекне и да падне во великосрпска реторика и агресија“, рекол тој.

Статутот на кирилица на Пенава се обидел да му го даде претседателот на Градскиот одбор на СДСС и гратски советник, Срѓан Колар, по што рекол дека расправата тргнала во погрешна насока и повикал на дијалог.

Пенава не запрел ни по фрлањето на статутот на подот и продолжил со тирадата.

„Ваши примери се четничките шубари и споменици што го опкружуваат овој град. Ве интересира она што не успеавте во 1991 година, да воведете кирилица во овој град. Не ве интересираат силуваните жени, мртвите деца! Ако е потребно, со сите средства против великосрпската агресија и вчера, и денес и утре“, нагласил Пенава со повишен тон.

Дел од советниците почнале да му аплаудираат. Заменик- градоначалникот на Вуковар од редовите на српското малцинство, Срѓан Милаковиќ, се обидел да му одговори на Пенава, но и нему почнале да му викаат.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата