Алушовски: Да продолжи победничката серија на Еурофарм Работник

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алушовски: Да продолжи победничката серија на Еурофарм Работник

 Еурофарм Рабoтник очекува да продолжи победничката серија на клубот.  Во пресрет на неделниот натпревар со Татран Прешов кој в недела ќе се игра во Битола, тренерoт Стевче Алушовски посочи дека во групата од лигата на шампионите каде тие се натпреваруваат нема слаби противници, но Татран Прешов ќе биде совладан.

-Словачкиот првак има богато меѓународно искуство, тим со многу интернационалци. Мислам дека посвежо го очекуваме неделниот дуел, ќе приредиме убава ракометна претстава и ќе победиме, потенцираше Алушовски.

Најдобриот стрелец на клубот Владислав Остроушко, истакна дека противникот не смее да се потцени.

-Со поддршка од публиката и наше залагање, успехот нема да изостане, изјави  украинскиот интернационалец Остроушко.

Натпреварот од 5. коло во ракометната Лига на шампионите меѓу Еурофарм Работник и Татран Прешов почнува во 17 часот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата