Во понеделник ќе се знае кога ќе се игра „Ел Класико“

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во понеделник ќе се знае кога ќе се игра „Ел Класико“

Политичките немири во Каталонија го одложија првото „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид во новата сезона. Двата тима го одбија првичниот предлог на Ла Лига првиот дуел наместо во барселона да се одигра во Мадрид. 

Поради тоа сега се бара нов термин за одигрување на вечното дерби, но очигледно е дека на 26 октомври во Барселона нема да се игра фудбал поради немирите и протестите кои избувнаа поради високите затворски казни за неколку каталонски сепаратисти како последица на референдумот за независност. 

Најпрво бил понуден 18 декември како алтернативен датум, но шпанската лига го одби овој предлог на Барселона и Реал Мадрид, бидејќи не сака дуелот да се игра во среда, што може да резултира со помала гледаност.  Според најавите Ла Лига размислува дуелот да се игра на 7 декември кога ќе се играат натпревари од Кралскиот куп. 

За да се игра на овој датум Реал Мадрид и Барселона ќе мора да ги одложат своите натпревари од 16.коло во Ла Лига против Еспањол и Мајорка. Конечната одлука која треба да ги задоволи сите три страни ќе падне во понеделник

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата