Општина Гази Баба додели субвенции за набавка на печки на пелети

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Општина Гази Баба додели субвенции за набавка на печки на пелети

Општина Гази Баба продолжува со доделување на субвенции за набавка на печки на пелети. И оваа година општината надоместува дел од трошоците при набавка на овој тип на грејните тела во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари.

Според градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски пред присутните посочи дека со користењето на печките на пелети, а со тоа и незагадувачки материјали за греење, граѓаните директно придонесуваат за подобра животна средина.

„Според нашите истражувања, домашните ложишта кои користат загадувачки и несоодветни грејни материјали, се најголемите загадувачи на нашата околина.Токму затоа, оваа мерка општина Гази Баба и во иднина ќе ја реализира за што повеќе жители да можат да ја искористат и директно да влијаат за почиста средина, а со тоа да се подигне и свеста кај граѓаните за користење на еколошки огревни материјали“, рече Георгиевски.

За овие две години, општина Гази Баба додели вкупно 100 субвенции за набавка на печки на пелети.  Покрај оваа мерка, Владата ќе ги субвенционира граѓаните и за купување на инвертер клими со што дополнително ќе се придонесе до намалување на загаденоста како во град Скопје, така и во општините.
 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата